Путин е задоволен од тоа како тече Олимпијадата

Претседателот на Русија, Владимир Путин, засега е задоволен од тоа како се одвиваат Зимските олимписки игри во Сочи, а критичарите ги советува да дојдат на натпреварувањата и да формираат мислење врз основа на посетата.

„Можеби и постојат некои прашања, проблеми, но колку што разбрав, засега сѐ оди во најдобар ред, и тоа ме радува“, изјави Путин во разговор со австриските новинари.

Одговарајќи на прашањето што Русија сака да му покаже на светот со Олимпијадата, Путин одговори: „Не сакаме ништо да му покажеме на светот, само сакаме да создадеме поволни услови за спортистите, да можат да донесат задоволство на своите почитувачи, љубители на спортот ширум светот.“ 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња