Законите за брак меѓу хомосексуалците се закана за опстанокот на цивилизацијата, изјави патријархот московски и на цела Русија, Кирил, а пренесува РИА „Новости“.
„Никогаш порано во историјата на човековиот род не е користен државен закон за да се оправда грев. Дури ни кај паганите немало такво нешто, иако паганскиот поим за грев бил доста неопределен“, изјави патријархот.
Патријархот Кирил истакна дека Бог на луѓето им дал такви закони, чие кршење доведува до уништување на човечката цивилизација.
„И ако сакаме да живееме како народ, општество, цивилизација, не можеме да ги доведуваме до одново разгледување божјите закони“, додаде патријархот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче