Литванските политичари бараат да се ограничи прикажувањето на руски филмови

На литванските ТВ канали треба да се ограничи прикажувањето на филмови кои ги финансираат руските власти, се кажува во извештајот под назив „Меката стратегија за одвраќање на Русија“, подготвен од партијата „Сојуз на Татковината - Литвански христијански демократи“.

Во документот се предлага да се примени одредена даночна политика кон филмовите снимени со финансиска поддршка на руската влада, а сѐ што е произведено во Русија да се маркира со ознака "Made in Russia", пренесува агенцијата Delfi.

„Воопшто не треба да се дозволи прикажување на филмови кои очигледно се пропагандистички, особено ако во нив се глорификуваат личности кои извршиле злосторства кон литванските граѓани или се зборува за советскиот период“, се кажува во документот.

Партијата исто така изјави дека „идеолошките остварувања во советскиот период треба да бидат избришани од јавниот простор на Литванија.“ 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.