„Калашников“ ќе започне со производство на оружје во Индија

Руската државна фабрика „Калашников“ ќе започне годинава да произведува оружје во Индија, изјави за новинарите во петокот генералниот директор на концернот, Алексеј Криворучко.

Руската државна фабрика „Калашников“ ќе започне годинава да произведува оружје во Индија, изјави за новинарите во петокот генералниот директор на концернот, Алексеј Криворучко.

„Мислам дека оваа година ќе започнеме со производство на оружје во Индија. Сметаме дека до крајот на годината ќе произведуваме 50.000 парчиња оружје“, изјави Криворучко. Тој додаде дека Индија е доста перспективен пазар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.