Русија ги повикува учесниците во сите вооружени конфликти да објават „олимписко примирје“

Русија повика на „олимписко примирје“ за време на одржувањето на Олимпијадата во Сочи, пренесува агенцијата „Интерфакс“. Овој повик е упатен, пред сѐ на учениците на вооружениот конфликт во Сирија.

Русија повика на „олимписко примирје“ за време на одржувањето на Олимпијадата во Сочи, пренесува агенцијата „Интерфакс“. Овој повик е упатен, пред сѐ на учениците на вооружениот конфликт во Сирија.

„Руската Федерација како организатор и домаќин  на Зимската олимпијада апелира на учесниците на сите вооружени конфликти од сите земји и од сите континенти да објават 'олимписко примирје'“, се наведува во соопштението на МНР на Русија, објавено на официјалната интернет-страница.

„Нашиот повик е упатен, пред сѐ кон учесниците на крвопроливањето во Сирија, кое сериозно ја дестабилизира не само ситуацијата во таа земја, туку и регионот“, се наведува во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња