Пентагон потврди дека во Црното море запловиле американски бродови

Американските воени бродови Mount Whitney и Taylor запловија на 5-ти февруари во водите на Црното море. Ова го потврдија официјални претставници на Пентагон и главниот штаб на воената морнарица на Русија, јавува ИТАР-ТАСС:

Според зборовите на Џон Кирби, претставник од Министерството за одбрана на САД, бродовите ќе се укотват во еден од пристаништата во Црното море и ќе изведат вежби. Според информациите на воената морнарица на Русија, не е планирано влегување на американските бродови во територијалните води на Руската Федерација.

Во склад со одредбите на конвенцијата за режимот за пропуштање на воени бродови низ Босфорот и Дарданелите во Црното море, бродовите од земјите кои немаат излез на Црно море можат да се наоѓаат во неговите води најмногу 21 ден во услови на мир. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња