Олимпијадата во Сочи ќе ја посетат 60 светски лидери

На церемонијата на отворање на Зимската Олимпијада во Сочи ќе дојдат 44 лидери на различни земји, а вкупно случката ќе ја посетат 60 светски лидери, изјави Дмитриј Песков.

На церемонијата на отворање на Зимската Олимпијада во Сочи ќе дојдат 44 лидери на различни земји, а вкупно случката ќе ја посетат 60 светски лидери, изјави Дмитриј Песков.

Тој додаде дека тие цифри можеби ќе бидат различни, „тоа ќе биде јасно после завршувањето на Игрите“, додаде Песков.

Портпаролот на рускиот претседател увери дека руските специјални служби направиле сѐ што треба за да биде безбедноста на Олимписките игри на високо ниво. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња