Двесте светски писатели бараат укинување на рускиот закон за забрана на геј-пропагандата

Повеќе од 200 писатели од целиот свет апелираа на руската влада да ги укине законите за забрана на хомосексуалната пропаганда и заштита на правата и чувствата на верниците. Нивното отворено писмо е објавено во британскиот весник „Гардијан“.

„Ги повикуваме властите на Руската Федерација да ги укинат законите со кои се ограничува слободата на изразување. Русија мора да ги почитува меѓународните конвенции кои гарантираат право на искажување на своите убедувања и да обезбеди општествени услови во кои сите граѓани ќе можат слободно да ги изнесат своите мислења“, се наведува во писмото.

Отвореното писмо го потпишаа повеќе од 200 писатели од повеќе од 30 земји. Според нивните зборови, писмото е упатено со цел да се укаже на „драконските ограничувања на слободата на изразување“ кои руските власти ги воведоа во последната година и половина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.