Американскиот воен брод Mount Whitney заплови во Црното море низ Дарданелите и Босфорот. Влегувањето на вториот воен брод, ракетоносецот Ramage се очекува во попладневните часови, соопштува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на информации од воената морнарица на Русија.
„Американските бродови нема да влезат во територијалните води на Русија“, истакна соговорникот на агенцијата. Тој не прецизираше која е задачата на тие бродови. Според неговите зборови, тие ќе се наоѓаат во неутрални води во источниот дел на Црното море.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.