Рускиот амбасадор се врати во Либија

Амбасадорот на Русија во Либија, Иван Молотков, се врати во Триполи после инцидентот кога беше нападната руската амбасада, изјави во средата претставник на амбасадата.

Амбасадорот на Русија во Либија, Иван Молотков, се врати во Триполи после инцидентот кога беше нападната руската амбасада, изјави во средата претставник на амбасадата.

„Амбасадорот се врати во Триполи на 1 февруари“, изјави дипломатот.

Русија одлучи да го евакуира своето дипломатско претставништво во Либија откако на почетокот на октомври непознати напаѓачи отворија оган врз руската амбасада во Триполи, запалија автомобил кој бил паркиран веднаш до амбасадата, па почнаа да ја пробиваат централната порта на амбасадата, по што се обиделе да влезат во неа. Инцидентот се случи веднаш после гласините за убиство на офицер од либиското воено воздухопловство, за што беше осомничена руска државјанка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња