Путин е благодарен на партнерите за безбедноста на Олимпијадата во Сочи

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се заблагодари на странските партнери за помошта во обезбедувањето на Олимписките игри во Сочи.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се заблагодари на странските партнери за помошта во обезбедувањето на Олимписките игри во Сочи.

Одговарајќи на прашањата на новинарите за време на посетата во Олимпиското село, тој извести дека за време на Олимпијадата е создаден „оперативен штаб“ во кој константно ќе се наоѓаат претставници на специјалните служби“ од другите земји.

Путин потсети на неколку трагични случаи во последните години: „Во САД за време на маратон загинаа луѓе, при одржувањето на состанокот на Г-8 се случија терористички напади во метрото во Лондон“. Тој нагласи дека прашањата за безбедноста се секогаш на прво место кога станува збор за меѓународни случувања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.