Претседателот на Русија, Владимир Путин, смета дека САД во Украина изведуваат генерална проба за претстојната промена на режимот во Русија, изјави поранешниот американски државен секретар, Хенри Кисинџер, а неговите зборови ги пренесува vz.ru, повикувајќи се на интервју, кој поранешниот државен секретар го дал за CNN.
„Мислам дека тој тоа го доживува како генерална проба за она што сакаме да го направиме во Москва, т.е. генерална проба за промена на режимот. Неговиот сомнеж е дотолку поголем, бидејќи сѐ се случува во близина на Игрите во Сочи.“
„Путин смета дека распадот на Советскиот Сојуз е голема историска катастрофа. Очигледно е дека Украина со своите 50 милиони жители е најголема република која доби независност. Тој не може да биде рамнодушен кон тој факт“, додаде поранешниот државен секретар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче