Свечена церемонија на отворање на шеталиште вдолж реката Нарва беше одржана вчера од двете страни на руско-естонската граница.
Проектот за развој на историската крајбрежна зона во естонскиот град Нарва и рускиот град Иванград е финансиран од фондовите на ЕУ во рамките на програмата за погранична соработка „Естонија-Летонија-Русија“ од 2007 до 2013.
На естонската страна реконструирана е крајбрежна територија со големина од 4.400 метри квадратни, а на руската - речниот брег со големина од 3.600 квадратни метри. Трошоците за реконструкцијата изнесуваат 1,6 милиони евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.