Русија официјално доби воена полиција

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон кој овозможува работа на воената полиција во рамките на вооружените сили на Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон кој овозможува работа на воената полиција во рамките на вооружените сили на Русија. Овој орган ќе ги штити правата на војниците и офицерите, цивилните лица во војската, ќе го обезбедува редот и законот во вооружените сили, воената дисциплина, како и безбедност на сообраќајот и чување на воените објекти.

Воената полиција е дел од вооружените сили на Русија. Со воената полиција ќе раководи министерот за одбрана на Русија, која ја одредува нејзината организација, состав и број. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња