Претседателот на Русија, Владимир Путин на 4 февруари ја прогласи за отворена 126-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
На отворањето претседателот на ОК на Русија, Александар Жуков, изјави дека претстојните зимски Олимписки игри ќе бидат празник на светскиот спорт.
Седницата на МОК ќе трае од 5 до 7 февруари. На првиот ден од работата ќе бидат отворени прашања за развојот на олимпиското движење до 2020 година. Членовите на МОК на 6 февруари ќе го слушнат извештајот на комисијата за координација на Сочи 2014, Рио 2016, Пјонгчанк 2018, како на олимписките игри за млади во кинескиот град Нанјинг во 2014 и Лилехамер во 2016.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче