Ракетата „Сојуз-У“ со товарниот брод „Прогрес М-22“ е поставена на стартниот систем на првата платформа во космодромот Бајконур, се кажува во соопштение на Роскосмос.
Лансирањето е планирано за 5-ти февруари во 16 часот и 23 минути според Гринич. Спојувањето на бродот со МВС е планирано шест часови после лансирањето.
За да се ослободи место за спојување, вчера рускиот товарен брод „Прогрес М-20“ беше одвоен од МВС и пуштен на „слободен лет“. На 11 февруари бродот ќе биде потопен во дел од Тихиот океан во кој нема сообраќај на бродови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.