Во Русија се создава перспективен повеќенаменски хеликоптер

Во Русија се работи на создавање на нов, брз хеликоптер.

Во Русија се работи на создавање на нов, брз хеликоптер. Според документацијата од конкурсот за идниот хеликоптер, тој треба да биде повеќенаменски, да развива брзина до 360 километри на час, да може да прими 21 лице и да пренесува товар до 3,5 тони. Должината на летот на хеликоптерот треба да изнесува до 900 километри.

„Задачата е да се премине на модерни мотори, помоќни мотори, со поголем коефициент на делотворност“, изјави потпретседателот Дмитриј Рогозин. Според неговите зборови, цената за експлоатација на хеликоптерот треба да биде пониска од конкурентите за 20 до 30%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња