Во Белојарската нуклеарна централа започна полнење на реакторот на брзи неутрони БН-800 со нулеарно гориво.
Сместена во регионот околу Свердловск, Белојарската нуклеарна централа е првенец во нуклеарната енергетика на СССР. Новиот реактор од типот БН со силина од 800 МВ треба да биде најголем реактор на брзи неутрони во светот.
Се разгледува можноста и за понатамошно ширење на Белојарската централа, додавање на петти енергоблок со реактор на брзи неутрони со моќност од 1.200 МВ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.