Пензискиот фонд ги индексираше пензиите во Русија во висина од 6,5%. Средната големина на пензиите во Русија сега изнесува околу 11.400 рубљи, односно околу 240 евра.
Од 1 февруари 2014 година пензиите на 37,8 милиони руски пензионери се индексирани за 6,5%, колку што изнесуваше инфлацијата минатата година, пренесуваат од Пензискиот фонд на Русија.
На 1 април се очекува руските пензионери да добијат уште едно зголемување на пензиите, добиено од пресметката на индексот на раст на доходите на Пензискиот фонд и индексирањето на социјалните пензии.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче