Русија работи на регулирање на кризата во Сирија, како со владата, така и со претставниците на опозицијата, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Можам да ве уверам дека секојдневно работиме со сириската влада, бидејќи тука воопшто не е едноставна ситуацијата - да се убеди влада која учествува во војна да направи отстапки - тоа не е лесно“, изјави Лавров за време на Минхенската конференција за прашања околу безбедносната политика.
Лавров објасни дека Москва соработува „со сите лидери на опозицијата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.