Русија може да се повлече од Договорот за намалување на стратешкото вооружување доколку САД продолжат со развој на системот за противракетна одбрана, изјави директорот на Одделението за безбедност и разоружување при Министерството за надворешни работи, Михаил Улјанов.
„Загрижени сме поради тоа што САД продолжува да го зголемува својот потенцијал на ПРО без да ги разгледа интересите и загриженоста на Русија. Ваквата политика може да ја сруши стратешката стабилност и да доведе до ситуација во која Русија ќе биде принудена да го искористи правото на повлекување од Договорот“, изјави тој.
Третиот по ред Договор за намалување на стратешкото вооружување потпишан е меѓу Русија и САД во 2010 година и со него ќе се продолжи со намалување на нуклеарното оружје, интерконтиненталните балистички ракети, балистичките ракети во подморниците и тешките бомбардери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче