Премиерот на Полска, Доналд Туск на состанокот со лидерите на ЕУ ги предупреди своите колеги дека во Украина можно е да дојде до заострување на судирите после завршувањето на Олимпијадата во Сочи на 23 февруари, пренесува весникот „Взглјад“.
Русија би можела да се замеша во ситуацијата во Украина после Олимпијадата во Сочи. Варшава се плаши од масовен прилив на бегалци од Украина во случај да дојде до заострување на судирите, кажува Туск.
Туск исто така ги предупреди лидерите на ЕУ дека би можело да дојде до прекин на испораката на гас во ЕУ доколку во Украина на власт дојде опозицијата, бидејќи Русија би можела „да ја затвори славината“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче