Министерот за надворешни работи на Германија: Европската политика против Русија нема иднина

Западниот свет не е во состојба да ги реши најважните меѓународни проблеми без Русија, но и Москва не треба да се откажува од трагањето по заеднички точки со западните партнери, изјави министерот за надворешни работи на Германија, Френк Балтер Штајнмаер на Минхенската конференција за безбедност.

„Мораме да најдеме заеднички точки со Русија за да можеме поконструктивно да ја развиваме нашата соработка. Само со помош на Русија можеме да го решиме иранскиот проблем, како и проблемот околу уништувањето на хемиското оружје во Сирија. Европската политика против Русија нема иднина. Но и Москва мора да дефинира кои се заедничките точки со Европа или барем да ги формулира“, нагласи Штајнмаер, а пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња