Подготвени се амандмани за Кривичниот законик на Русија, според кои се пропишуваат парични казни и затвор за рехабилитација на нацизмот , соопштува „Интерфакс“, повикувајќи се на Ирина Јарова, претседателка на комитетот за безбедност и борба против корупција во Државната дума на Русија.
Документот предвидува одговорност за рехабилитација на нацизмот, негирање на Нирнбершките пресуди и одобрување на злосторствата на нацизмот против мирот и безбедноста на човештвото.
За такви дела се предвидува казна до три години затвор или парична казна до 300.000 рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.