Брејвик праќа писма во Русија

Терористот од Норвешка, Андерс Брејвик, кој отслужува казна затвор поради убиство на 77 лица во јули 2011 година, испрати во руската телевизија „РЕН-ТВ“ писмо во кое се жали на условите во затворот.

Терористот од Норвешка, Андерс Брејвик, кој отслужува казна затвор поради убиство на 77 лица во јули 2011 година, испрати во руската телевизија „РЕН-ТВ“ писмо во кое се жали на условите во затворот. Брејвик, кој себеси се опишува како хуман убиец, се жали на тоа дека не му дозволуваат да учи, да создаде своја партија, а исто така дека нема редовен пристап до туш и свеж воздух. Терористот наведува дека хумано убивал луѓе, не мачејќи ги, и дека исто треба и со него да се постапува.

Новинарите на „РЕН-ТВ“ изјавија дека први му напишале на Брејвик. Останатите детали ветија дека ќе ги објават покасно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња