САД им соопштија на сојузните на НАТО дека се загрижени поради тоа што Москва може да го прекрши руско-американскиот Договор за елиминирање на ракети од краток и среден домет, јавува „Интерфакс“.
Тој договор им забранува на САД и Русија да произведуваат, тестираат и поставуваат балистички и крстосувачки ракети од краток и среден домет на надземни лансери.
Весникот The New York Times јавува дека загриженоста на Вашингтон е предизвиката од информацијата дека Русија тестира крстосувачки ракети.
„Американските официјални лица мислат дека Русија во 2008 година тестирала крстосувачка ракета. Таквото тестирање е забарането со Договорот, потпишан во 1987 година од Роналд Реган и Михаил Горбачов. Тој договор е меѓу најважните документи врз основа на кои е завршена епохата на Студената војна“, истакнува американското издание.
Официјалната претставничка на Стејт Департментот, Џенифер Псаки, потврди дека американската страна е загрижена поради веста за тестирање на крстосувачката ракета и го разгледува тоа прашање со руските колеги.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче