Шефот на руската Федерална вселенска агенција „Роскосмос“, Олег Остапенко смета дека е можно формирање на долгорочни бази за посета на Месечината. Во текот на својот говор во универзитетот „Бауман“ во Москва, тој истакна дека агенцијата планира и поантаму да ја истражува Месечината и да извршува експерименти на нејзината површина.
Освен тоа, „Роскосмос“ работи на создавање на ултратешки ракети-носачи. Се претпоставува дека таа ракета во првата фаза ќе може да лансира во орбитата товар со тежина до 80 тони, а покасно и до 160 тони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче