Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, им ја честиташе на членовите на екипата на „КАМАЗ-мастер“ дванаесеттата победа на релито „Дакар“.
Шефот на државата потсети дека тркачите годинава покажаа дека не само што се мајстори на својот занает, туку и дека се благородни луѓе, ризикувајќи да останат без првото место за да им помогнат на спортистите од Кина. Путин изјави дека успесите на екипата го подигнале реномето на фабриката КАМАЗ.
Руските возачи во категоријата камиони ги зазедоа првите пет места освен второто, кое припадна на екипата на „Ивеко“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче