Поранешниот руски министер за финансии, Алексеј Кудрин, не очекува понатамошен пад на рубљата во однос на еврото и доларот.
„Во целина, рубљата варира поради факторите кои влијаат на меѓународниот пазар“, изјави тој, додавајќи дека на ситуацијата влијае и факторот на премин кон флексибилен курс на рубљата.
Рубљата уште во јануари нагло падна во однос на доларот и еврото и тој тренд е забележлив кај сите валути кај земјите во развој. Курсот на доларот за еден месец скокна за 8%, а курсот на еврото за 7%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче