Извозот на руските противавионски ракетни системи С-400 започнува после 2016. Ова го изјави генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Анатолиј Исајкин.
Според неговите зборови, до 2016 година овие системи ќе се испорачуваат само на Вооружените сили на Русија.
Активниот интерес за купување на противавионските системи С-400 засега доаѓа само од Кина. Меѓутоа, првите верзии на С-400 за извоз ќе ги добијат Белорусија и Казахстан, кои ќе можат да го добијат системот во рамките на договорот за создавање на единствени регионални зони за противвоздушна одбрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче