Канадската компанија Bombardier објави дека наскоро ќе се потпише договор за почеток на производство на авиони во Русија. Станува збор за авионите Q400, пренесува The Huffington Post.
Договорот за создавање на заедничко претпријатие со руската компанија „Ростех“ е резултат на претходни договори, потпишани уште во август минатата година.
Претставникот на канадската компанија не огласи детали од договорот, но најави дека ќе бидат вклучени во него нарачки за 100 авиони.
Авионите Q400 се користат од авиокомпаниите од целиот свет, вклучувајќи ги Porter Airlines, WestJet Encore и Air Canada Jazz.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче