Русија ќе ја кредитира Украина и доколку се смени власта во земјата

Русија ќе ги има предвид промените во украинската влада за време на составувањето на графиконот на финансиската поддршка за оваа земја, изјави шефот на Министерството за економски развој, Алексеј Уљукаев.

„Потврдена е посветеноста за исполнување на обврските. Од гледна точка на графиконот за ова прашање, се бара дополнително разгледување на истиот со украинските колеги и земање во предвид на промените на власта“, изјави за новинарите министерот за економија на Русија.

Москва и Киев во декември се договорија Русија да купи еврообврзници за 15 милијарди долари во 2013 и 2014 година. Првата рата од три милијарди долари веќе е купена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.