Русија донира „Камази“ на ООН

Русија ќе донира на ООН камиони „Камаз“ во вредност од повеќе од 20 милиони долари. Тоа се автоматски цистерни и мобилни сервисни центри.

Во согласност со указот на претседателот на Русија, Владимир Путин за реализација на проектот на Светската програма за храна на ООН, поврзана со обнова на возниот парк за превезување хуманитарна помош, Русија ќе донира на ООН камиони „Камаз“ во вредност од повеќе од 20 милиони долари. Тоа се автоматски цистерни и мобилни сервисни центри.

Освен тоа, Русија ќе издвои уште 1,6 милиони долари во фондот за Светската програма за храна. Парите ќе бидат насочени кон развој на логистичкиот потенцијал вклучувајќи ја и интеграцијата на „Камаз“ камионите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња