Министерството за култура нема да ги затвора јавните библиотеки во Русија

Министерството за култура нема да затвори ниту една јавна библиотека во државата, пишува „Интерфакс“, повикувајќи се на шефот на министерството, Владимир Медински.

Министерството за култура нема да затвори ниту една јавна библиотека во државата, пишува „Интерфакс“, повикувајќи се на шефот на министерството, Владимир Медински.

„Ние секогаш ќе правиме сѐ за да не дозволиме да се затвори ниту една библиотека. Секоја библиотека има план за развој и нашите библиотеки треба да станат пример за светот, бидејќи сета наша историја е библиоцентрична“, изјави Медински.

Според неговите зборови, библиотеките и музеи остануваат приоритет на културната политика на Русија. Според програмата за развој, платите на соработниците во овие установи треба да се зголемат за два пати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња