Летонија смета дека руските школи не се потребни

Летонската премиерка Лајмдота Страујума смета дека Русија нема потреба од отворање руски училишта во Летонија, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на интернет-порталот „Делфи“.

Летонската премиерка Лајмдота Страујума смета дека Русија нема потреба од отворање руски училишта во Летонија, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на интернет-порталот „Делфи“.

„Националните малцинства во Летонија можат без пречки да се образуваат. Има доволно училишта во кои децата можат да посетуваат на летонски или на руски јазик. Во 99 од 109 училишта наставата се одвива на летонски и на руски јазик“, изјави премиерката.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека РУсија ќе финансира основање на руски училишта во земјите каде живеат нејзините граѓани. Во овие училишта основањето на руските училишта ќе се одвива според руски стандарди, односно според руските наставни програми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња