Трговската размена меѓу Русија и ЕУ во 2013 се зголеми до максимално ниво. Показателите зборуваат за повеќе од 410 милијарди долари, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјава на рускиот претседател Владимир Путин.
Тој забележа дека трговската размена меѓу државите расте и покрај недоволно пријатната меѓународна економска конјуктура. „Минатата година трговијата порасна за 1,7%“, додаде Путин.
Според зборовите на претседателот, ЕУ добива 60% од инвестициите на Русија во странство.
„Нашите компании вложија 80 милијарди долари во ЕУ“, изјави Путин.
Европските компании во Русија вложиле во 2013 година 288 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче