Продажбата на рускиот YotaPhone незадоволителна

За два месеца од почетокот на продажбите на рускиот паметен телефон YotaPhone реализирана е продажба на 12.000 уреди, известува компанијата која го произведува овој телефон.

За два месеца од почетокот на продажбите на рускиот паметен телефон YotaPhone реализирана е продажба на 12.000 уреди, известува компанијата која го произведува овој телефон. Показателите не може да се споредат со продажбите на другите светски познати марки телефони, а со ваквите показатели тешко дека ќе се исплати и производството на рускиот гаџет.

Компанијата Yota Devices смета дека за три месеца ќе се продадат околу 20.000 уреди. Официјалната цена на апаратот во Русија изнесува 19.990 рубљи, односно 421 евро.

Први држави во Европа каде може да се купи овој телефон се Австрија, Германија, Шпанија и Франција, каде цената изнесува 499 евра за апаратот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња