Лавров: Русија нема да соработува со НАТО

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Русија нема потреба од соработка со НАТО за обезбедување на безбедноста на Олимпијадата во Сичи.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Русија нема потреба од соработка со НАТО за обезбедување на безбедноста на Олимпијадата во Сичи.

„Олимпијадата во Сочи уште на почетокот не предвидуваше учество на НАТО во нејзиното обезбедување“, ги пренесува РИА Новости зборовите на министерот.

Министерот уточни дека мнозинството држави имаат свои претставници во штабот кој се занимава со обезбедување на безбедноста и функционира под капата на ФСБ веќе неколку недели.

Претходно САД ѝ предложија на Русија два воени брода за засилување на безбедноста на Олимпијадата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња