Украина наскоро ќе потпише со Русија неколку договори за заеднички проекти во сферата на бродоградбата и авијацијата. Ова во интервју за украинскиот весник „Денес“ го изјави премиерот на Украина, Николај Азаров.
„Сега можеме уверено да им кажеме на луѓето дека добивме можност да ги решиме трговско-економските проблеми со Русија, што за нас е доста важно“, појасни украинскиот премиер.
Според неговите зборови, Украина доби „сериозна финансиска помош“, која треба да биде потрошена за реализација на програми за активизирање и модернизирање на економијата на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче