Безрезервната поддршка од САД за сириските бунтовници, кои во најголем дел се поврзани со Ал Каеда, не е мудра политика, изјави шефот на Одборот за национална безбедност при Претставничкиот дом, Мајкл Макол во разговорот со руските новинари. Истовремено конгресменот нагласи дека САД не чувствуваат ниту симпатија кон сирискиот претседател Башар Асад.
Одговарајќи на прашањето кој може да помогне во решавањето на конфликтот во Сирија, Макол спомна дека тоа може да го направи претседателот на Русија, Владимир Путин, нагласувајќи ја неговата улога во уништувањето на хемиското оружје во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче