Европската Унија сериозно ја разгледува можноста да се обрати на Светската трговка организација (СТО) со низа жалби за Русија. ЕУ е разочарана од односот на Русија кон оваа организација, соопштил во интервју за The Wall Street Journal, европскиот комесар за трговија Карел Де Гухт.
„Разочаран сум од активностите на Русија кон СТО во врска со низа на прашања“, рекол Гухт, истакнувајќи дека Русија не ги исполнува своите обврски кон оваа организација.
„Ние сериозно ја разгледуваме можноста да се обратиме до СТО во врска со низа прашања“, рекол Гухт. Притоа одби да коментира на што конкретно ЕУ ќе се жали.
РФ моментално во рамките на СТО е обвинета од страна на Европската Унија поради начинот на наплатување на данокот за користење на автомобилите. ЕУ, најголемиот трговски партнер на Русија, и понатаму има забелешки на процедурата за справување со оваа давачка во Русија, иако од 1 јануари 2014 на сила стапија амандманите на руските закони, со кои се изедначуваат условите за плаќање на автомобилите од руско и странско производство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче