Русија ги предупреди САД и ЕУ да не се мешаат во состојбата во Украина

Москва ги предупреди САД и ЕУ да не „долеваат масло на огнот“, во Украина.

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, порача да не се поттикнуваат вооружените бунтовници во Украина, за состојбата да не ескалира. Рускиот министер соопшти дека за време на мировната конференција „Женева 2“, ја разгледале состојбата во Украина со секретарот на САД, Џон Кери, со шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон, како и со министерот за надворешни работи на Италија Ема Бонина - пренесува РИА „Новости“.

Според неговите зборови, сите соговорници „изразиле загриженост и жива заинтересираност за нудење помош во смирување на ситуацијата.“

„Многу е важно да нема изјави од надвор, кои опозицијата, а особено вооружените групи ќе ги сфатат како поттик, т.е. во своето делување да го оправдуваат со наводен став на европската заедница“, рече Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.