Нема руски специјалци во Украина

Руската амбасада во Украина ги демантира информациите за наводното доаѓање на руски специјалци во Украина.

Амбасадата на Руската Федерација во Украина ја демантираше информацијата за можното доаѓање на руските специјални сили во Украина, јавуваат руските медиуми. Во официјалното соопштение се вели дека „споменатата информација воопшто не одговара на стварноста и делува како провокација.“ 

Амбасадата изрази надеж дека медиумите по повод настаните во Украина, ќе „бидат внимателни и воздржани“ и повика на максимална одговорност. 

Претходно некои медиуми објавија информации дека постои можност во Украина да пристигнат околу 1000 специјалци во „цивлка“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.