Министерството за одбрана на Русија ќе го продолжи циклусот на пробни лансирања на интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“, соопшти извор од Главниот штаб на воената морнарица на Русија. Според првичните планови, со лансирањето ќе се започне во мај – јуни 2014 година. Лансирање ќе се извршува од Белото и од Баренцовото Море.
За време на постоењето на проектот „Булава“ произведени се вкупно 46 ракети, од кои 19 се лансирани со подморница – носач на ракети.
Министерството за одбрана нема издадено никакво официјално соопштение за понатамошното лансирање на „Булава“, како ни за бројот на ракети од тој тип кои што не се лансирани.
Тестирањето на „Булава“ започна во 2004 година. Од 19 лансирања, најмалку 7 беа неуспешни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче