Руските власти можат да му го продолжат привремениот азил на поранешниот агент на американската разузнавачка служба Едвард Сноуден. Тоа го изјави Алексеј Пушков, претседател на комитетот на Државната дума за меѓународни прашања, на своето излагање на Светскиот економски форум во Давос. Пушков наведе дека во август му истекуваат документите на Сноуден кои што му даваат право на привремен азил, но рокот на нивно продолжување може „бесконечно“ да се продолжува.
„Сноуден нема да биде протеран од Русија. Се зависи од неговата одлука“, го цитира Пушков, The New York Times. Делегатот, исто така, потсети дека таткото на поранешниот американски агент Лон Сноуден смета дека неговиот син не може да очекува праведно судење во САД.
Како што истакнува The New York Times, другите учесници на дискусијата продолжиле да го критикуваат Сноуден за откривање на доверливи информации. Републиканскиот сенатор Џон Мекејн изјавил дека Сноуден треба да биде осуден „затоа што ја прекршил заклетвата“. Пушков одговорил дека судот пред се треба да ги разгледува доказите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче