Русија го забрани увозот на свинско месо од Литванија

Руските власти го забранија увозот на свинско месо од Литванија.

Руските власти го забранија увозот на свинско месо од Литванија. Ова го соопшти шефот на Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на РФ, Алексеј Алексејенко.

Според неговите зборови, увозот на литванското свинско месо порано го има забранувано и Белорусија, која е членка на Царинскиот сојуз со Русија. На основа на тоа и руската страна презела слични чекори.

Причина за забраната за увоз на месо е ширењето на африканската свинска чума во Литванија. И Русија и Литванија, претходно поради истите причини го ограничуваа увозот на месо од Белорусија, каде што во почетокот на летото 2013 година беше регистрирана епидемија на африканска свинска чума. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња