Во градот Алтуна во Пенсилванија уапсен е 19-годишниот Владислав Мифтахов кај кој што е пронајдена експлозивна направа.
Полицијата го претресла станот во потрага по марихуана, а пронашла бомба. Мифтахов рекол дека ги купил деловите за бомбата преку интернет во текот на последните неколку недели.
Обвинението против Мифтахов содржи десет точки.
Русинот е студент на Универзитетот Пенсилванија. Зошто ја има направено бомбата и како сакал да ја искористи, засега не е познато.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче