Михаил Горбачов: Не смее да се дозволи поделба на Украина

Последниот генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија во Советскиот Сојуз и првиот и последниот претседател на СССР се обрати на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама, со апел да се вмешаат во решавање на граѓанскиот конфликт во Украина, пренесува весникот „Известија“.

Последниот генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија во Советскиот Сојуз и првиот и последниот претседател на СССР се обрати на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама, со апел да се вмешаат во решавање на граѓанскиот конфликт во Украина, пренесува весникот „Известија“. „Многу ме погодува се што се случува во Украина. Мојата мајка е Украинка, а татко ми Русин, и мојата почината жена Раиса е Украинка. Им напишав писмо на Путин и Обама, затоа што им треба помош на нашите блиски пријатели, Украинците, да излезат од конфликтот во кој што се најдоа, но без влез на војската во Киев“, рече Горбачов.

Според неговото мислење, ескалацијата во Украина има достигнато огромни размери. Се уште се додаваат и шират поводи за нови взаемни обвинувања.

„Кој друг, ако не ние, Русите, да им пријде на Украинците на помош и да го одврзе тој чвор? Останатите само гледаат како од Украина да направат јаболко на раздорот и поттикнуваат нови конфликти. На нам ни е од животно значење да го решиме тој проблем“, додаде Горбачов.       

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња