Анкета: Русите имаат значајно понегативен однос кон САД и Европската Унија

Нашите граѓани имаат се помалку доверба кон Западот.

Нашите граѓани имаат се помалку доверба кон Западот. За тоа сведочат резултатите од анкетата која ја спроведоа аналитичарите од рускиот „Левада – центар“.

Меѓу руските државјани се почест е негативниот став кон САД и Европската Унија. Бројот на оние кои својот однос кон САД го оценуваат како „негативен“ се зголемил во последните три години од 23% на 37%. Од 14% на 29% е зголемен бројот на руски државјани кои имаат негативен став кон Европската Унија. Позитивниот став кон Украина и Белорусија во целина се има задржано и изнесува 55% и 82%. Ставот кон Грузија се подобрил од 39% (2011) на 51% (2013). Две третини од испитаниците се изјасниле за повторно воспоставување на дипломатските односи меѓу Русија и Грузија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња