Претседателот на Русија, Владимир Путин, на 28 јануари ќе го посети Брисел каде што се одржува 32-от состанок на високо ниво Русија – ЕУ, соопшти прес службата на Кремљ.
Во текот на состанокот ќе бидат разгледани клучни прашања од билатералниот дневен ред со акцент на трговско - економската соработка, а исто така и воведување на безвизен режим, заедничка соработка во областа на енергијата, активирање на преговорите за новиот договор за бази. Планирано е да се разговара за начините на јакнење на стратешкото партнерство, можностите на заедничко дејствување во евроазискиот и европскиот интеграционен процес.
Покрај тоа ќе се разговара и за неколку актуелни меѓународни прашања.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче